Продолжува судењето за смртта на малата Тамара од Велес – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/18 8:05 AM

Продолжува судењето за смртта на малата Тамара од Велес

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случајот со смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на ‘рбетот во странство. Во предметот на ЈО обвинети се вкупно 12 лица за несовесно работење во службата.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.