Британката Линдзи Кумис (37) и нејзиниот сопруг Тери (41) потрошиле повеќе од 160.000 евра на пица.
Тие двајца почнале да се забавуваат во 2006 и оттогаш, четири пати неделно нарачувале екстра голема пица од пицеријата во близина. Тери е градежен работник, па калориите ги трошел на работа, додека Линдзи сѐ повеќе и повеќе се дебелеела. По 15 години таа го родила синот Хари и сфатила дека мора да ослабне доколку сака да види како син ѝ расте. Од 2021 досега, таа изгубила 86 килограми, а претходно тежела 172 килограми.
Цело богатство за пица
Како што раскажала Линдзи за британскиот магазин Sun, сѐ почнало кога таа и нејзиниот сегашен сопруг, почнале да се забавуваат.
„Тери доаѓаше уморен од работа и за да не губам време на готвење, почнавме да нарачуваме пица. Барем четири пати неделно јадевме екстра голема пица со сирење. Секако, со текот на времето таа една пица не ни беше доволна, па нарачувавме по две до три. Понекогаш се честевме со храна и од Мек, па на неделно ниво за брза храна трошевме околу 222 евра, а килограмите само се трупаа“, изјавила Линдзи.
Таа и Тери се венчале во 2010 година, но навиките им останале исти. Со пицата, Линдзи секој ден јадела и десерти, а невечер кога нејзиниот сопруг ќе заспиел таа јадела сладолед. Како што поминувало времето, Линдзи станувала сѐ пообезна и никако не успевала да забремени.
„Долго се борев да добијам бебе. Бев во тешка депресија, а за да ги потиснам емоциите постојано јадам. Храната ми беше единственаутеха и единствениот начин на кој знаев да се носам со проблемите. Што повеќе се дебелеев, толку повеќе паѓав во депресија. Не можев да излезам од куќата, а обичната прошетка со мојот маж стана невозможна мисија“, искрено раскажала Линдзи.
По три години брак таа успеала да забремени, но имала спонтан аборутс и го изгубила бебето. Тоа било уште една причина плус за да продолжи со бесконечното прејадување.
„Докторите ме предупредуваа дека морам да ослабнам доколку сакам дете. Бев на сите можни диети, не постои нешто со кое не се обидов во надеж дека ќе ослабнам, но залудно. По бројните неуспешни обиди да останам бремена, отидовме во една клиника за плодност за да се распрашаме за вештачко оплодување. Ме одбија затоа што бев премногу дебела“, со солзи во очите се присетува Линдзи на тешките денови.
Очајна и исплашена дека ќе остане без дете, таа побарала помош од психолог кој и објаснил дека се прави погрешно и дека се „убива“ со храната“.
„Целосно неочекувано повторно останав бремена во 2019 и се роди нашиот син Хари. На мојата среќа ѝ немаше крај, иако по бременоста добив уште повеќе килограми. Не смеев да застанам на вагата, а дебелината ми правеше сѐ повеќе проблеми. Тешко се движев, не можев да го однесам син ми да си игра во паркот. Се задишував дури и кога ќе сакав да отидам од кујната до дневната соба. Не можев да седам на подот и да си играм со сопственото дете. Толку долго го чекав, а не можев да уживам во мајчинството затоа што бев обезна. Имав сѐ повеќе здравствени проблеми, а мојата најлоша ноќна мора беше како го гледам син ми како трча накај автомобилот, а не можам да го спасам. Алармот во мојата глава се вклучи кога Хари почна да оди, а јас не можев да го следам. Тогаш сфатив дека морам да ослабнам ако сакам да гледам како расте моето дете“, раскажала младата Британка.
Се преполовила за 15 месеци
За да ги избегне поранешните грешки и да не падне во замката на бројните диети, таа побарала помош од доктор.
„Во јануари 2021 побарав лекарска помош. Сакав да одам на операција за намалување на желудникот, но лекарот ме одби затоа што имав последици од короната. Бев очајна“ истакнала таа.
Сепак, таа била решена дека мора да ослабне по секоја цена. Побарала помош од нутриционист кој ѝ објаснил како да ги промени своите животни навики. Во март ланската година почнала нејзината преобразба, но не ни претпоставувала дека за 15 месеци ќе се преполови и ќе ослабне 86 килограми.
Таа има намера уште да слабее, со цел да ја постигне идеалната тежина за својата висина.
Животот ми се промени од корен. Можам да трчам со син ми и сакам моето искуство да го споделам со другите девојки и жени за да им помогнам да ја донесат најважната одлука во животот, односно да почнат со програма за слабеење, не само за да бидат витки и задоволни, туку и да бидат здрави за своите најмили – додала таа.
Извор: srecna.republika.rs