Кои линии од ЈСП се укинати, а кои со изменет сообраќај поради маратонот? Погледнете како ќе се превезувате во Скопје во недела – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/22 11:11 AM

Кои линии од ЈСП се укинати, а кои со изменет сообраќај поради маратонот? Погледнете како ќе се превезувате во Скопје во недела

Во недела во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б.

Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

-Жичарницата, пак,  од утре, сабота ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу. Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси, информираат од ЈСП.