Тропската бура Кирк се приближува до Барбадос и Света Луција – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/18 8:16 AM

Тропската бура Кирк се приближува до Барбадос и Света Луција

Тропската бура Кирк, проследена со поројни дождови и грмежи, се приближува кон осторвите Барбадос и Света Луција во југоистичниот дел на карипскиот регион.

Сепак, според американскиот Национален центар за урагани, се очекува Кирк до вечерва да ослаби на ниво на тропска депресија, што е послабо невреме од бура и да проодлжи да слабее до недела.

Во жариштето на Кирк во текот на денов се очекува да дуваат ветрови со брзина до 85 километри на час.

Извор:МИА