„Никогаш не ја изгубив вербата во Бога“ – Гордана Ѓорчева по втор пат стана баба, се роди внуката Вера – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/22 9:45 AM

„Никогаш не ја изгубив вербата во Бога“ – Гордана Ѓорчева по втор пат стана баба, се роди внуката Вера

Гордана Ѓорчева, спикер во МТВ, денес по втор пат стана баба.

Таа радосната вест ја сподели на својот Фејсбук профил и напиша:

-Вера се роди. Вања си доби сестричка. Мама Луци и тато Александар си имаат ќеркичка, напиша Гордана.

Таа вели дека е пресреќна што токму на овој празник и се проширило семејството.

-И покрај сé, никогаш не ја изгубив љубовта кон животот, никогаш не ја изгубив надежта за подобри денови, никогаш не ја изгубив вербата во Бога. И да. Вера ни е уште еден божји благослов на овој убав ден кога ги празнуваме верата, љубовта и надежта. Со раѓањето на Вера продолжува во нас да живее името на баба и на Луција, а во мене додека сум жива со секое изговарање на нејзиното име ќе живее мојата мајка. Никогаш не ги губете љубовта и вербата во Бога. Ти благодарам Господе, напиша таа на Фејсбук.

Гордана беше во брак со актерот Бранко Ѓорчев, со кој ја имаат ќерката Луција. Ѓорчева во интервју за ММС пред пред две години прозборе за тагата по загубата на сопругот, но и за радоста со раѓањето на внукот Вања, кој и го исполнил животот со радост.

Погледнете што тогаш рече Гордана за големата среќа во нејзиниот дом:

Плачев на глас и му се молев на Бога да не ми го мачи детето – Со Гордана Ѓорчева за најновата животна улога-улогата на баба