Подарете нешто на ќерките, воздржете се од зли мисли – Денес се слави празникот Вера, Надеж и Љубов – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/22 8:51 AM

Подарете нешто на ќерките, воздржете се од зли мисли – Денес се слави празникот Вера, Надеж и Љубов

Колку пати сте слушнале како луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте ни знаеле дека тоа се личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и  чија слава славиме денес.

Светите маченици Вера, Надеж и Љубов живееле во Рим во времето на императорот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа ги осудил на смрт.

Како деца, трите биле обвинети за проповедање на христијанството. Во моментот на апсењето, Вера имала само 12 години, Надеж 10, а Љубав 8. Мачителите прво ги мачеле по тој редослед, а потоа ги убивале една по една.

По наредба на императорот, Вера, Надеж и Љубов најпрво биле претепани, а потоа фрлени во жешка смола и на крајот деловите од телото им биле отсечени пред да бидат фрлени во оган.
Преданието вели дека нивната мајка Софија три дена се молела на Бога на гробот на нејзините ќерки да ја земе. По третиот ден, Господ ја зел и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Денеска задолжително запалете свеќа и молете се, а овие маченици ќе ви испратат љубов, вера и надеж во животот!

Овој празник е посветен на жените и нивните деца, пред се ќерките, а се верува дека девојчињата денес треба да се израдуваат со подарок, макар тоа да е нешто скромен, како мал знак на внимание.

Се верува дека на овој ден особено треба да се воздржува од лоши мисли и постапки и да се посвети на љубовта кон ближниот и кон Бога (во оваа смисла, значењето на Љубовта како највисок однос со Бога).

Извор: Телеграф.рс

Фото: религија.мк