Агенцијата на ОН за палестинските бегалци обезбеди 118 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/18 7:15 AM

Агенцијата на ОН за палестинските бегалци обезбеди 118 милиони долари

Агенцијата на ОН за помош на палестинскитре бегалци (UNRWA) обезбеди 118 милиони долари за да се справи со кризата предизвикана од целосно повлекување на нејзиниот најголем спонзор САД – соопшти јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.

„Ветените средства го намалуваат дефицитот на агенцијата од 186 на 68 милиони долари“, изјави  шефот на службата, Пјер Креенбул.

Меѓу земјите кои ветиле намногу финансиска помош се Кувајт, Европската унија, Германија, Ирска и Норвешка. Франција вети дека следната година ќе се вклучи во кампањата за финансиска помош. Откако САД минатата година дадоа 365 милиони долари за агенцијата, Вашингтон, како дел од промената на својата политика кон Палестинците, првично драстично ги намали средствата, а потоа одлучи да прекине со финансирање со аргумент дека Агенцијата работела пристрасно.