Дана Вулин (36) од Перт, инаку со потекло од Србија, преживеа тешки изгореници и повеќе од 200 операции, бидејќи Македонката Натали Димитровска поради љубомора ја поли со медицински алкохол и ја запали.
Овој страшен настан се случи во 2012 година, а Дана сега, 10 години подоцна, во видеото кое го сподели на социјалната мрежа Инстаграм се сеќава на сѐ што преживеала.
Оваа девојка пишувајќи книга ѝ ја раскажа на јавноста својата борба, почнувајќи од кобниот напад во февруари 2012 година.
View this post on Instagram
Деценија подоцна, таа се сеќава на ужасот, а сите фази од опоравувањето ги прикажа преку видео.
-Ова е начин да им покажам на другите борци и на сите останати луѓе дека се е можно – напиша Дана под видеото кое го објави и додаде дека е горда што не се откажала од своето тело, па денес се чувствува силно и во подобра форма за разлика од кога било.
„Таа сподели видео без монтажа и без филтри. Тоа што ми се случи е најсурово нешто на светот, но, за жал, не се осмелив да се огласам поради судењето. Се сеќавам дека бев толку очајна, па сега чувствувам одговорност да ја откријам мојата приказна, со оглед на тоа што сите знаат што ми се случи, да споделам со другата страна, што постигнав и дека моето закрепнување е многу повеќе од естетско“, изјави таа.
Дана, инаку, магистрирала медицина и се занимава со закрепнување и лекување на лузни, а отворила и своја клиника во која доаѓаат сите кои имаат проблеми со лузни.
View this post on Instagram
Која е причината за нападот на Дана од страна на Натали
Натали била љубоморна затоа што Дана разговарала со нејзиниот сопруг за време на домашна забава. Љубоморната жена потоа дошла во куќата на Дана во придружба на нејзиниот пријател Даниел Стоун. Таа ја замолила Дана да ѝ каже каде е нејзиниот сопруг, по грешка мислејќи дека двајцата се во љубовна врска. Бесната Натали грабнала шише со алкохол, го отворила и ја полила Дана.
– Таа мавташе со раката, поливајќи ми го лицето, рацете, градите, насекаде од половината нагоре. Пламенот ми ја зафати раката и наеднаш сè околу мене се претвори во оган. Таа беше насекаде: на моите рамена, мојот гол стомак, само градите ми беа заштитени со топ од растеглив материјал.
Пламените јазици ми се проширија на главата, косата ми изгоре во секунда, а кога почнав да ја бришам запалената хемикалија од лицето, рацете веќе ми гореа – опишува Дана во книгата „Вреди да се бориш“.
Дана носела маска две ипол години за да си го опорави скалпот на главата
Инстинктивно почувствувала дека треба да се фрли на земја и да се тркала, но тоа само го раширило огнот по целото тело.
-Болката беше неподнослива, а додека врескав ги слушнав Натали и Даниел како трчаат низ лизгачката врата. Ми се смееја додека жива горев. Едвај можев да помислам на болката. Во паника отидов до фонтаната, обидувајќи се да го изгаснам пожарот полевајќи се со вода – сведочи Дана.
Знаев дека треба да повикам помош, или ќе бидам мртва. Додека се обидував да ја отворам вратата, почувствував како кожата ми падна од прстите. Успеав да ја отворам вратата и да преминам на половина пат до соседната куќа, барајќи помош – истакна Дана.
View this post on Instagram
Долго чекала некој да се појави
– Врескав толку силно и толку долго што кога некој конечно дојде, тоа не беше мојот сосед. Типот што се појави вежбаше во теретана во зградата до мене. Ги слушна моите врисоци и истрча да помогне – се сеќава Дана.
Кога пристигнал, пламенот бил изгаснат. Дури и кога огнот конечно бил изгаснат, хемикалијата сепак го изгорела нејзиното тело.
– Лежев на земја, се чувствував како да умирам од болка. Ги отворив очите и видов маж од теретана над мене – изјавила Дана заблагодарувајќи му се повторно на Денис Ериксон што ѝ го спасил животот.
Тој останал со неа додека не дошла Итната помош и ја однел во болница. Дана таму поминала два дена во кома.
-Се вратив од работ на смртта. Додека спиев, сонував. Имав спомени, фантазии и кошмари – се сеќава таа.
Натали Димитровска подоцна е осудена на 17 години затвор. Дана поминала низ операции и третмани. Таа се здобила со изгореници од трет степен кои зафатиле две третини од нејзиното тело. Две ипол години носела маска за компресија на лицето за да ги залечи изгорениците. Таа поминала година ипол во болница и за тоа време кожата на градите ѝ била целосно заменета три пати.
„Никој не мислеше дека е физички можно да се опорави толку многу“, изјавила еднаш Дана за Daily Mail Australia. Таа порано зборуваше за себе како „модерен Франкенштајн“ и дека е „шетачка реклама“ за чудата на модерната медицина.
– Се чувствувам како да сум освоила злато на Олимпијада. Беше потребна многу напорна работа за да се стигне овде, ова беше долго патување. Иронично е што се разбудив со таа песна на Витни Хјустон, бидејќи моето патување беше само чекор по чекор – заклучила тогаш Дана.
Извор: stil.kurir.rs