Пристигнаа септемвриските пензии, во тек е етапната исплата – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/22 9:22 AM

Пристигнаа септемвриските пензии, во тек е етапната исплата

Министерството за труд и социјална политика известува дека денес започнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши денес (четврток);  за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши утре (петок); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на четврти октомври, во вторник.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 септември (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.