Превкусна комбинација на ореви и кафе: Рецепт за колач во кој ќе ужива целото семејство – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/22 5:57 PM

Превкусна комбинација на ореви и кафе: Рецепт за колач во кој ќе ужива целото семејство

Беше неизоставен дел од секоја прослава, а сега и вие можете да го направите овој колач кој ќе ви врати спомени од едни убави денови.

Се работи за колач со ореви и кафе. Некогаш десертите се правеа до едноставни состојки кои ги имавме дома, а рецептите се пренесуваа од колено со колено. Таков е и рецептот за овој колач, кој напамет го знаеја домаќинките од поранешна Југославија.

За да го приготвите ви се потребни следниве состојки:

За кора

7 јајца

200 гр шеќер

5 лажички кафе

7 лажички вода

Прстофат сол

200 гр брашно

За фил

3 јајца

250 гр шеќер

3 лажички кафе

250 гр путер

И уште:

200 гр сечкани ореви

Подготовка

Жолчките изматете ги со 100 грама шеќер. Во врела вода растопете го кафето и додајте го во жолчките. Изматете ги добро сите состојки.

Настрана изматете ги белките со прстофат сол и додајте го преостанатиот шеќер. Соединете ја смесата од жолчките и белките, измешајте ја па додадете ги брашното и прашокот заа печиво. Уште еднаш измешајте сè, овојпат во блендер.

Рерната вклучете ја на 180 степени, а смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење и печете 15-20 минути. Оставете ја испечената кора да се олади па исечете ја на три еднакви делови.

За да добиете крем односно фил, изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте кафе и сè заедно ставете да се вари на пареа. Кога смесата ќе се загрее, оставете ја на шпоретот барем уште десетина минути и константно мешајте. Оставете го да се олади и добро измешајте го.

На дното ставете го првиот дел од кората, премачкајте со кремот и посипете од сечканите ореви. Одозгора ставете ја и втората кора и повторете ја постапката. Последната кора, исто така поспиете ја со ореви.

На здравје!

 

Извор:  espreso.co.rs