Повеќето од вас се сеќаваат кога во 2018 година малечката Марија Спасовска ја претставуваше нашата земја на детскиот „Евросонг“, кој тогаш се одржа во Минкс – Белорусија.
Уште тогаш слаткото девојче од Скопје со преубав глас го привлече вниманието на домашната јавност, а многумина уште тогаш и предвидоа блескава музичка кариера.
Полека, но сигурно Марија веќе „запливува“ во сериозните музички води. Ако во 2018 таа беше во категорија јуниори, денеска слободно ќе кажеме дека таа е зрела да се префрли во категорија сениори.
Марија Спасовска оваа година за првпат ќе дебитира на сцената на еден од нашите најстари и најпопуларни фестивали, „Макфест – 2022“ во Штип.
Спасовска заедно со својот тим веќе почнаа да ги прават подготовките за фестивалот, а она што е фасцинантно за некој на нејзина возраст, е тоа што Марија ќе настапи како кантавтор на ова нејзино дебитанско појавување на фестивалот…