Како жените во Иран дојдоа до ова состојба? Пред 80 години се облекувале како сакале, а сега?! – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/22 7:00 PM

Како жените во Иран дојдоа до ова состојба? Пред 80 години се облекувале како сакале, а сега?!

Деновиве во фокусот на светската јавност се тажните сцени од Иран кои уште еднаш не потсетија на лошата положба на жената и недостигот на нивните права во таа земја.

Протести и јавен отпор предизвика трагичната смрт на 22-годишната Махса Амини, која беше убиена затоа што не носела хиџаб, поточно затоа што наводно и се гледала малку коса под него.
Поради овој суров чин, следеа протести, а животот го загубија неколку десетици луѓе, меѓу кои и 20-годишната Хадис Наџафи. Хадис е убиена со шест куршуми само затоа што се осмелила да го крене гласот за својата слобода и за слободата на другите жени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Theluxinlife (@theluxinlife)

Како всушност се случи Иран од земја во која жените беа слободни да учат, па дури и да носат мини здолништа и тесни фармерки, во земја каде што се осудени на апсење, па дури и на смрт доколку се осмелат да не носат хиџаб?
Во текот на 20-тите години на минатиот век, правата на жените во Иран почнаа да се обликуваат – образованието стана бесплатно и за момчињата и за девојчињата. Дозволен е и упис на жени на факултет. Дури и Иранската женска партија беше формирана во 1942 година, која активно се бореше за правата на жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misha Zadeh (@mishazadeh)


На почетокот на 1963 година, жените добија право на глас на изборите, а заслугата за тоа му се припишува на Ашраф Пахлави, сестрата близначка на тогашниот шах на Иран, Мохамад Реза Пахлави. Исто така, старосната граница за брак беше поместена од 13 на 18 години, жените добија можност да поднесат барање за развод, можеа да се борат и за старателство над децата… До крајот на 70-тите години, неколку жени беа дел од иранскиот парламент, а стотици од нив имаа позиции во локалните совети. Иранките сочинуваат значителен дел од работната сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aryana IRAN 🇮🇷 (@lionandthesun)


Кога станува збор за облеката, кон модерните патишта тргнаа во 1936 година, кога претпоследниот шах на Иран, Реза Пахлави, спроведе контроверзна политика во тоа време – задолжително откривање на жените.

Декретот е познат и како Кашф-е хиџаб и значеше укинување на сите видови исламски превези, па дури и машка традиционална облека. Шахот ги охрабрил Иранците да носат европска и западна облека, се со цел да се модернизира земјата и да се зголеми учеството на жените во општеството, инспириран од примерот на Турција. Сите жени од кралското семејство се облекуваа европско, играјќи активна улога во менувањето на општествената свест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Tatva (@thetatvaindia)

Промените беа воведени постепено за да се избегнат немири – првично само четири илјади од 6,5 милиони Иранки излегуваа во јавност без хиџаб, а тоа беа главно жени од високата класа, образовани во Западот. Сепак, не сите жени беа среќни да ја прифатат оваа промена – во длабоко традиционалното општество, многумина сè уште се држеле за хиџабот.
Затоа во 1936 година, неносењето хиџаб било прогласено за законска обврска, а на полицијата дури и било наредено физички да го отстрани од секоја жена кога ќе ја види како го носи во јавност. Многу жени дури одлучија да не излегуваат од дома, а забележани се и неколку случаи каде жените се самоубиваат за да не мораат да го соблекуваат хиџабот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vida (@v_raaeisi)

Реза абдицирал од тронот во 1941 година, а неговиот син и наследник Мохамад Реза Пахлави решил да го следи патот на компромисот – тој им дал на жените право на избор, да можат да се облекуваат како што сакаат. Меѓутоа, и тогаш, чадорот, традиционалната женска облека во Иран, се сметаше за знак на заостанатост, досада и беше значајна пречка при искачувањето на социјалните скалила. Чадорот и хиџабот станаа белег на класа – најчесто го носат жени кои потекнуваат од конзервативни религиозни семејства со ограничено образование.
Во текот на 70-тите, хиџабот стана симболичен знак на противење на режимот на Пахлави и како таков, дури и работничките од средната класа почнаа да го носат доброволно, што не беше случај порано. Но, никој од нив не очекуваше дека револуцијата ќе им донесе враќање на задолжителното носење, ниту пак сакаа да поддржат таков закон.
Исламската револуција од јануари 1979 година промени се! Се вртеше околу една идеја: слобода. Тоа инспирираше огромен број жени да застанат и да покажат отпор кон шахот. Но, револуцијата беше изгасната веќе во февруари – паролите што го пропагираат исламот ги заменија натписите на демонстрантите, а жените на митинзите почнаа да се замолуваат да ги покријат главите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by أنيسة (@nisi.pisi)


Потоа, во февруари истата година, Ајатолахот (највисоката верска титула во Иран) официјално ја презеде власта, револуцијата беше завршена и за неколку недели реалноста таму почна радикално да се менува.
Започна нападот врз малцинствата, политичката опозиција и правата на жените. Помалку од две недели по револуцијата, весниците почнаа да објавуваат најави за прослави што ќе се одржат на 8 март, Меѓународниот ден на жената. Но, на 7 март беше донесен декрет дека жените мора да носат хиџаб во владините канцеларии, односно, како што рече тогаш иранскиот лидер Хомеини, тие не треба да влегуваат на работното место „голи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by أنيسة (@nisi.pisi)

Она што требаше да биде прослава се претвори во масовни протести. Во Техеран, утрото на 8 март, десетици илјади жени се собраа пред канцеларијата на новиот премиер, додека уште 3.000 од нив излегоа на протести во верскиот град Ком, каде што престојуваше Хомеини. По улиците се слушаа извици: „Немавме револуција за да се вратиме назад“. Во следните шест дена, жените излегоа на улиците, учествувајќи во нивниот марш за слобода, борејќи се да ја вратат својата револуција. Контрадемонстрантите ги нападнаа по улиците со ножеви, камења, цигли, скршено стакло…
Во еден момент, женските протести се чинеше дека успеаја – само неколку дена по демонстрациите, контроверзните изјави на Хомеини беа повлечени. Но, овој прв масовен, колективен отпор кон Исламската Република стана последен. Пред почетокот на 80-тите, кога се засили репресијата на режимот врз опозицијата, имаше краток процут на женските здруженија на работните места, дури и женските комитети во политиката и автономните женски организации кои беа независни од која било партија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by أنيسة (@nisi.pisi)

Но, веќе по јули 1980 година, работите почнаа да се влошуваат – повторно беше одлучено дека жените мора да носат хиџаб. До 1981 година, стана задолжително за сите жени на возраст над 9 години да носат хиџаб. Следеа и други промени – родова сегрегација на работното место, училиштата, плажите и спортските манифестации и низа закони кои го регулираат разводот, старателството над децата, наследството, државјанството, сето тоа на штета на жените, секако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by أنيسة (@nisi.pisi)

Денеска состојбата во оваа земја, вечно поделена меѓу желбата за промени и модернизација и отфрлањето од нив, сите ја знаеме – тажна е, страшна и влева страв во коските.

(Курир.рс / БлицЖена)

Фото: Инстаграм