Новата амбасадорка на САД во Македонија, Ангела Агелер на церемонија во Стејт департментот положи заклетва, информира американската амбасада.
-Амбасадорот Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата во Мисијата на САД во Пакистан, информираат од амбасадата
На Агелер добро и е позната состојбата во Македонија, работела како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, а на истата позиција била и во амбасадата на САД во Скопје од 2009 до 2011 година. Била и во Њу Делхи, Ханој и Вашингтон.
Агелер зборува македонски, француски и малку хинди, информираат од амбасадата.