Со пари од европските фондови,ќе се регулираат дивите води на Козјачка река од излевање – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 2:35 PM

Со пари од европските фондови,ќе се регулираат дивите води на Козјачка река од излевање

Заврши двегодишниот проект,,Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави”
Регулирани  корита на Козјачка река во должина од 256 метри во општина Карбинци  и 340 метри на река Шашка  во должина од 340 метри во општина Струмјани ,Р.Бугарија е крајниот епилог од двегодишниот проект што од фондовите на Европската унија го добија овие две општини.
На презентирањето на ефектите што се одржа во општина Карбинци  со што и официјално беше ставен крај на овој проект,присуствуваше министерот за локална самоуправа  Сухејл Фазлиу и градоначалниците на Карбинци, Јордан Насев и на Струмјани, Емил Илиев.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев истакна дека со реализацијата на проектот веќе е заштитено населението на селото Карбинци од поплави. Потсети дека во 2015 година штетите од поплавите беа големи како на домаќинствата, стопанството, така и на земјоделските површини.
-Изградивме 256 метри заштини ѕидови во коритото на река Козјачка во село Карбинци. Со ова осигуривме дека слични штети за граѓаните на општината нема да се случат во иднина,смета Насев.

Ефектите од користењето на европските пари ,за неговата општина биле големи,тврди градоначалникот на општина Струмјани.Не само со општина Карбинци,тие соработувале успешно и со други македонски општини.Со овој проект не само што ги заштитиле речните корита од поплави, туку обучиле и 30 лица од институциите и