Мадона ни самата не би се препознала: Лицето ѝ е „испеглано“, но рацете ја издаваат – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/22 7:00 PM

Мадона ни самата не би се препознала: Лицето ѝ е „испеглано“, но рацете ја издаваат

Во последно време многу се пишува за поп дивата Мадона, но поводот веќе не се нејзините успеси во кариерата, туку физичкиот изглед кој не престанува да ја интригира јавноста.

Со своите 64 години, таа и понатаму има тело на кое може да позавидат и двојно помлади жени, но нејзиното лице е сосема друга приказна. Освен што целосно е изобличена поради ботоксот и филерите, таа на социјалните мрежи користи филтери, благодарение на кои изгледа како 20-годишна девојка.

Сепак, кога ќе ги погледнете папарацо фотографиите, сѐ ќе ви стане јасно. Сепак, најголемата иронија е тоа што во моментот таа е зависна од пластична хирургија, иако порано беше поборник против неа.

„Никогаш не би направила естетска операција. Ми се гади од самата помисла, некој да ве успие, а потоа да ве нападне со нож за да ве разубави. Мојата појава ја должам на моите гени и здравиот начин на живот“, изјави таа пред неколку години.

На последните фотографии кои се направени по едно од нејзините ноќни излегувања во Њујорк, може да се види вистинското лице на пејачката кое таа упорно го крие, но од објективите на фотографите не може да бега засекогаш. Зафатите на нејзиното лице минатата година ги анализираше и познатиот пластичен хирург, Гери Линков, кој наведе дека Мадона оперирала сѐ што можела. Тој процени дека од 1982 година, Мадона три пати направила фејслифтинг, исто толку пати била на подигање на веѓите, а два пати вбризгала филери. Хирургот не исклучува дека Мадона има импланти на забите, но и дека го отстранила вишокот масно ткиво.

И додека таа си го средува лицето преку бројните апликации, рацете често заборава да ги среди, а тие не можат д ги сокријат годините.

 

Извор: stil.kurir.rs