„Пред сè сме добри соседи“ – МНР реагира на говорот на омраза на вчерашниот фудбалски натпревар – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/22 9:51 AM

„Пред сè сме добри соседи“ – МНР реагира на говорот на омраза на вчерашниот фудбалски натпревар

Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

-Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи, се вели во реакцијата на МНР.