-Сам сум, имам 30 години и ми треба совет за ситуација во која се наоѓам со сопругата на мојот пријател. Знаев дека имаат проблеми во бракот и дека одат на советување. Една вечер налетав на неа во теретана и на крајот заедно завршивме на пијалак. Таа ми кажа за проблемите во нивниот брак, а јас слушав. Испивме доста и таа дојде кај мене да се напие кафе пред да си оди дома, но се бакнавме и потоа спиевме заедно – напишал еден маж за Мирор.
Следното утро веднаш се покајал, не затоа што не било добро, затоа што било супер и навистина му се допаѓала како личност, туку поради тоа што му го направил на пријателот и нивната врска. Тој знаел дека тоа е непростливо. Се надевал дека и таа ќе се чувствува исто како него и ќе се согласи дека добро се забавувале, но дека тоа не може да се повтори. Сепак, тоа не било случај – таа сакала повторно да го видат и рекла дека отсекогаш и се допаѓал.
Советот бил ваков:
– Мислам дека знаеш дека тоа што го направивте беше погрешно. Направивте лош избор таа вечер. Сега треба да бидете искрени со оваа жена и да и објасните дека иако сте уживале во ноќта со неа, тоа не било во ред и не може да се повтори. Сепак, оваа врска за една ноќ е доказ дека нејзиниот брак е во неволја и дека е на ранливо место. Кога разговарате со неа, поттикнете ја да го среди бракот на овој или оној начин и потсетете ја дека аферата само ќе ги искомплицира работите и привремено ќе и го одвлече вниманието. Можеби ќе треба да прифатите дека вашето пријателство со него е завршено. Тргнете се од двајцата и дајте ѝ време да размисли – одговорила Колин Нолан.
Извор: вечерњи.хр