Дочекајте ја со радост новата сезона: Како да ја избегнете есенската анксиозност? – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/22 11:52 AM

Дочекајте ја со радост новата сезона: Како да ја избегнете есенската анксиозност?

Пократките денови, помалку сонце  помалку витамин Д, намаленото движење, враќањето на обврските – сетоа тоа доведува до меланхолично расположение во септември, но и во остатокот од есента.

Еве како да се избегне есенската депресија или есенска анксиозност.

Се вративме од одмор и наместо да бидеме полни со енергија, многумина се соочуваат со помалку мотивација, со емпатија, меланхолија, па дури и со депресија.  Психотерапефтот Жене Скули во 2005 година, тоа чувство го нарекол „есенска анксиозност“. Поради тоа, таа се јавува во овој период, а што можеме да направиме за да се чувствуваме подобро?

Помалку изложување на сончева светлина

Ова веројатно е најважната причина зошто со доаѓањето на есента нè преплавува меланхолија и пад на енергијата. Тоа не се случува кога денот е сончев и топол, но штом времето ќе се промени и почнуваат дождовите и магловитите утра, меланхоличното расположение се враќа.Причина за тоа е што тогаш се лачи хормонот мелатонин, кој предизвикува поспаност и губење на мотивацијата. За да го поправите ова поминувајте повеќе време на сонце. Кога и да е времето сончево, излезете, колку и да е студено. Ако вашиот дом нема многу природна светлина, ѕидовите треба да бидат во посветла боја, исто како и мебелот.

Намалено движење

Во еден имаме помала желба за движење, бидејќи не ни се излегува кога е постудено и дождливо. Сепак движењето е нешто најважно што можеме са напарвиме за своето здравје. Во ниеден случај немојте да се заклучите во четири ѕида. Облечете се топло и излезете на прошетка. Доколку врне дожд, земете чадор, шупкавец и гумени чизми. Веднаш ќе почувствувате енергија и полет за извршување на други обврски.

Обврски и стрес

Многумина од нас ги оставааат важните работи на почетокот на есента бидејќи сакат да се опуштат во текот на летото. Работните проекти, семинари, усивршувања, тренинзи, сето тоа го оставаме за во септември. Исто така децата тргнуваат на училиште, а сето тоа придонесува за зголемен стрес. Одеднаш сите имаат многу обрвски, стресот се зголемува, а ние сме постојано во брзање. Пробајте подобро да се организирате. Не морате баш сè да започнете во овој момент, работете го само она кое е неопходно додека не се навикнете на новиот ритам после летната пауза. Не е решение да изгорите веднаш на почетокот, ќе ви биде потребна мотивација за цела есен и зима.

Потешка храна

Во есен и во зима потребна ни е многу повеќе енергија. Како што се зголемува стресот, многу луѓе посегнуваат по нездрави грицки и слатки. Меѓутоа, тоа уште повеќе ви ја одзема енергијата. Правилната исхрана е клучна за вашиот имунитет. Јадете што повеќе овошје и зеленчук, зрнести плодови, здрави маснотии, а што помалку индустриски преработена храна полна со шеќер. Како што тргнува сезоната на настинки, важно е да се зголеми внесот на витамини, минерали и антиоксидаси.

 

Извор: sensa.story.hr