Крешник Бектеши: НАТО ќе значи поголема сигурност и безбедност за туристите – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 1:58 PM

Крешник Бектеши: НАТО ќе значи поголема сигурност и безбедност за туристите

Според статистиката на Светската туристичка организација 10% од светскиот бруто домашен производ произлегува од туристичкиот сектор кој апсорбира едно од дестетте работни места во светот, а дури  1, 3 милјарди  меѓународни пристигнувања се регистрирани во 2017 година. По повод Светскиот ден на туризмот, Министерството за економија подели признанија на најуспешните угостителско туристички работници за изминатата година.

Еден милион туристи и над три милиони ноќевања во Република Македонија се регистрирани измината година, повеќе од очекуваното изјави министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањто на Светскиот ден на туризмот.

„Нашата цел е Република Македонија да биде на мапата на сите позначајни зивозни земји во регионот, Европа па и пошироко. Влезот на Република Македонија во НАТО ќе значи поголема сигурност и безбедност за светскиот турист“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Изјави Бектеши, и додаде дека само со здружени цели ќе се успее за интегриран пристап и позитивни резултати во економијата и туризмот.

„Само со здружени сили на сите чинители во туризмот на Република Македонија вклучувајќи ги институциите, здруженијата и коморите, граѓанските организации, академската јавност и образовните институции можеме да обезбедиме интегриран пристап и позитивни резултати“, порача Бектеши.

Иновациите и дигитализацијата се важни елементи кои се повеќе завземаат важно место во промоцијата и поддржувањето на туристичките дестинации, потенцираше директорот на агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски.

„Во текот на оваа година агенцијата комплетно го смени својот пристап во промовирање на Македонија како туристичка дестинација, овозможувајќи пристап од 70/30 односно овозможувајќи 70% воведување на нови техники и алатки и интернет пристап и 30% на конзервативни или класични медиуми, тоа овозможи голем раст на туризмот и многу добра соработка со министерството за економија“, изјави Љупчо Јаневски.

По повод Светскиот ден на туризмот, денеска беа доделени признанија за најуспешните туристичко угостителски работници за 2017 година.