Во Србија уапсени луѓе поради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 1:51 PM

Во Србија уапсени луѓе поради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил

Српската полиција уапси седум луѓе поради сомневање за препродажба на 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил во државата – јави Танјуг.

Лицата се осомничени за кривични дела здружување заради вршење кривично дело како и злоупотреба на службена должност.

Осомничените во периодот од јуни до август оваа година набавиле околу 31 тон месо и месни преработки од Бразил на кои им бил поминат рокот за употреба. Полицијата се сомнева дека расипаното месо го препродале на разни фирми кои се занимаваат со преработка на месо.