Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради трка – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/22 3:31 PM

Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради трка

МВР денеска соопшти дека утре со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка. 

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември”, во близина на хотелот „Александар Палас”, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров”, во близина на хотел „Хилтон”. 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.