Полициски службеници вчера го привеле Б.Ј.(24) од Штип. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот физички го нападнал С.К.(24) во неговиот дом во Штип и му го одзел паричникот, соопшти МВР.
Паричникот е пронајден и вратен на сопственикот, а Б.Ј. задржан во Полициска станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава./