Пејачката Тања Савиќ ги шокирала сите со признавањето дека настапувала додека имала корона, бидејќи немала срце да ги откаже настапите.
Таа изјавила дека цело време работела болна, и дека едвај стоела на нозе.
– Косата многу ми опаѓа бидејќи имав корона. Додека работев, имав корона. Не знаев дека имам, иако ме тестираа после 5 дена, тестот покажа негативен, затоа што претпоставувам во првите три дена покажува дека си позитивен. Но, извадив антителата, имав 4.250 антитела, а цело време работев болна. Едвај сум жива, навистина бев болена. Додека пеев во главата ми се вртеше, а цел лето имав закажана турнеја, немав срце да ја откажам. Тоа би било проблем за сопствениците на дискотеките, проблем на мојот менаџер, а пред се на мојата публика. Само со божја помош останав добро – изјавила пејачката.
Извор: Блиц.рс