(Видео) Поради пенисот од половина метар го прогласиле за инвалид – Маки на Мексиканец, кој се фали со машкоста – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/22 10:00 PM

(Видео) Поради пенисот од половина метар го прогласиле за инвалид – Маки на Мексиканец, кој се фали со машкоста

Ако на Гугл напишете „човек со најголемиот пенис на светот“, во резултатите од пребарувањето ќе се појави името на Џон Фалконе (52).

Цел свет знае за ова момче и неговата алатка од 34 сантиметри. Меѓутоа, пред околу 15 години, друг маж се пофали дека е рекордер во оваа категорија. Неговото име е Роберто Ескивел Кабрера (59), живее во Мексико, а како што тврди – должината на неговиот пенис е 48 см. Скоро половина метар!
Како и да е, има нешто во приказната на Роберт што изгледа малку смнително и што ги натера повеќето луѓе да мислат дека не ја кажува вистината. А еден од нив кој јавно тврди дека ова е неговиот ривал – Џон Фалконе, а еве зошто….


Роберто гостуваше во бројни емисии и раскажуваше како уште како мал бил опседнат со големината на својот пенис и на рана возраст го растегнувал и ставал тегови на кожичката за да го продолжи. Во меѓувреме, како што растел, сфатил дека толку огромен пенис всушност е проблем. Не само што му отежнува, туку и практично ги оневозможува односите со жените бидејќи сите се преплашени кога ќе ја соблече долната облека.

Погледнете ја приказната за овој човек на : thesun.co.uk

Во многубројните извештаи кои беа направени за овој човек, лекарите напоменаа дека се подготвени да го оперираат Роберт, да му го намалат алатот на повеќе или помалку пристојна големина што нема да му го загорчи животот и дека нема да ги ужасне понежниот пол. Секој пат ги одбиваше со објаснување дека сака да ја носи титулата маж со најголем пенис на светот.


Исто така, она што е „посомнително“ кај овој Мексиканец е тоа што неговиот пенис секогаш е завиткан во партали кога го мери, што наведе многумина да заклучат дека всушност е помал и дека некои реквизити, памучна вата, ткаенина и слично,  визуелно го издолжува органот. Роберто објасни дека е неопходно да се завитка бидејќи поради должината често добива некаква уринарна инфекција и дека поради тоа е пријавен како инвалид.

– Кога дојде да направи КТ скен, мојот прв впечаток беше дека се работи за уникатен и необичен случај. Никогаш не сум видел пациент како Роберто. Она што го покажа КТ скенирањето е дека има многу голема кожичка на неговиот орган, таа оди сè до коленото. Но, самиот пенис е долг околу 16 до 18 см – изјавил докторот кој учествувал во репортажа за Роберт и со тоа потврдил дека целата приказна за неверојатната големина на неговиот пенис е лага…
Со ставот дека органот на Роберт не е 48 см, како што тврди, се согласува и Џон, кој категорично го брани своето право на титулата маж со најголем пенис. Тој тврди дека органот на Мексиканецот е долг помеѓу 16 и 18 см, што всушност е прилично просечна големина. Она што му предизвика најголем сомнеж е тоа што Роберто одбива да ги отстрани завоите и парталите и да ја покаже сета своја големина како од мајка роден.

(Видео) Со 34 има најголем пенис во светот, го покажа во студио, а водителката падна во несвест

-Постојано ја истегнуваше кожичката, а колку што разбрав се е нормално ‘под’. Мислам дека е смешно и тој ми изгледа некако очаен. Колку и да е голем, тоа нема да го смени фактот дека имам 34 сантиметри“, задоволно заклучил Џон кога го прашале да ги коментира приказните за Роберт кој е човекот со најголем пенис на светот.

Џон вели дека познаниците му бараат сексуални услуги, а полицијата мисли дека носи експлозив, па овој „подарок“ речиси секогаш му прави проблеми!

(Курир.рс / Мондо)

Фото: принтскрин Јутјуб