Детето нема да се роди, а ти ќе умреш на 86 години од природна смрт – Саша Поповиќ за прв пат откри детали од Баба Ванѓа – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/22 8:00 PM

Детето нема да се роди, а ти ќе умреш на 86 години од природна смрт – Саша Поповиќ за прв пат откри детали од Баба Ванѓа

Саша Поповиќ ужива во пензионерските денови, а своето внимание го посвети на кариерата на сопругата Сузана Јовановиќ која штотуку издаде албум.

Поранешниот директор и сопственик на „Гранд“ се пошегува дека проектот на сопругата го финансирал од пензијата.

„Тоа се многу пари, но јас сум пензионер и морав да го финансирам новиот албум на Сузан од мојата пензија“, се пошегува тој, а потоа сериозно додаде:

„Мојата месечна пензија е 700 евра, а проектот на жена ми чинеше 140 пензии. “ рече Саша за „Адрија Медиа ТВ“.

Тој откри и дека не гледа кој би можел да го наследи, а се осврна и на средбата со легендарната Баба Ванѓа, за која јавноста до сега не знаеше детали.

„Кога бевме на концерт во Бугарија, ни рекоа дека во 11 часот сме имале средба со Баба Ванѓа. Јас и Брена отидовме и земавме по две коцки шеќер. Ги завиткавме во салфетка и ги ставивме под перница, ноќта преспавме а веќе утре дента имавме закажана посета кај Ванѓа.  Не предупредија дека не смееме да и даваме пари или други материјални работи бидејќи сето тоа го добила од државата и колата и куќата и обезбедувањето. Службеникот не прегледа сите, поминавме еден километар, имаше шатори, а во нив луѓе кои веќе 15 дена чекаа пред закажаниот термин, тоа се илјадници луѓе.Тито четири пати ја посетил Ванѓа, таа му кажувала што да прави. Ванѓа зборуваше разумно српски“, се сеќава Поповиќ за Ало!
„Отидовме јас и Брена, таа не пречека, јас сакав да бидам прв. Таа ми вели да ги тргнам очилата, а јас и рекол дека не носам очила. Таа ми рече да не бидам груб и да се сеќавам на се што ќе ми каже. – И брзо почна да зборува: „Имаш 37 години, татко ти загина во сообраќајна несреќа, мајка ти остана сама, зошто престана да ја пали свеќата за слава, предупреди ја.“ Па ми кажа дека црвениот автомобил е супер за мене, а јас го купив во Виена.Ми рече да ги чувам документите што ги направив во Виена. Ми рече групата каде што работиш сега нема да постои за една година, ќе се распадне, а ние во август 1991 година имавме дури 120.000 гледачи на концертот.И после ми вели дека и јас ќе пеам,  и почна силно да се смее. А јас бев единствен од групата што не пееше.Тогаш ми кажа дека на 48 години ќе бидам врв на српската естрада, а јас и Брена се погледнавме зачудено. Потоа ја прашав: „Кажи ми кога ќе се оженам?“ Ми рече дека нема да се женам во наредните 6 години.А девојка ми беше бремена тогаш четврти месеци на што Ванѓа ми кажа дека од неа нема ништо, дека детето нема да се роди, и дека ќе раскинеме на 5 јануари. И се беше така. Навистина така се случи.  И на крајот ми рече дека ќе умрам на 86 години од природна смрт“, откри Саша Поповиќ.