„Дојде време да уживам со семејството“ – Пандев заминува во пензија, но не кажа дали ќе се врати во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/22 10:18 AM

„Дојде време да уживам со семејството“ – Пандев заминува во пензија, но не кажа дали ќе се врати во Македонија

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Горан Пандев потврди дека става крај на кариерата, по две децении се повлекува.

„По 20 години… мојот син наполни 13 години и во целиот живот го гледав само во периодот на одмор меѓу две сезони. Сега дојде време да уживам со семејството. За првпат цело лето не размислував за фудбал, а кога ќе се случи тоа се опуштате, јадете, помалку тренирате. Во главата немав дека треба да почнам подготовки. По настапите во Серија Б без плејоф или плејаут, неколку месеци не правев ништо. A кога имате 39 години, потешко е да се вратите. Сега сакам малку повеќе да одморам со семејството затоа што 20 години се премногу за да бидете одвоени од него. Но ќе останам во фудбалот, друго и не знам да работам. Себеси се гледам како спортски директор или менаџер. Сакам да работам со деца, да им помагам, да разговарам со нив, да гледам младински фудбал. Би сакал да им се заблагодарам на сите, фала ви за сѐ. На сите навивачи, претседатели, тренери низ кариерата. Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам, рекол Пандев во интервјуто на италијанскиот весник.

Пандев за репрезентација одигра 122 натпревари, а даде 38 голови. Круна беше настапот на Европското првенство, а тој е и првиот стрелец за Македонија на големите натпреварувања.

Во Италија, пак,  одигра над 500 натпревари и даде над 100 гола.