Јавното обвинителство со привремена комисија за пријава на неправилности за референдумот – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 1:12 PM

Јавното обвинителство со привремена комисија за пријава на неправилности за референдумот

Членови од четири виши јавни обвинителства ќе ја сочнуваат привремената комисија при Јавното обвинителство  кои будно ќе го следат организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 ти септември како и пријавувањето на неправилноси и извршуавње на кривични дела.

Засега до Јавното обвинителство пристигната е една пријава  која е поврзана со активностите за референдумот, и тоа за кривично дело поткуп при избори вака денеска соопшти претседателот на Привремената комисија при Јавното Обвинителство, Џељаљ Бајрам кој не сакаше да каже за која политичка партија станува збор.

„Пријавата поднесена до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, меѓутоа истата е препратена во надлежност на Основото Јавно Обвинителство во Куманово и по истата се постапува за кривично дело поткуп при избори, реков од една политичка партија“, изјави Бајрам.

Сите основни и јавни обвинителства имаат задолженија освен редовните дежурства да имаат и дополнителни со цел навремено делување доколку има сторено кривични дела, исто така Џељаљ Бајрам посочи и на веб старницата достапна за сите каде може да пријават неправилност.

„Користам прилика да ве известам дека електронската адреса која е отворена за потребите на оваа комисија е отворена. Во оваа прилика упатувам повик до сите граѓани на Република Македонија, до граѓанските организации, до невладините организации, до политичките партии, меѓународните институции, д асите тие кои што ќе проценат дека има евентуално неправилности поврзани со организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 -ти септември истите да ги пријават на посочената адреса за да може ние превентивно да делуваме по евентуалните пријави кои што  би биле испратени до нас“, додаде Бајрам.

Како што објавиваме претходно во вестите на Канал 77, по одлука на државниот јавен обвинител формирана е привремена комисија која ќе ги следи евентуалните противправни кривични дела  за време на организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 ти септември.