Штипјани уживаа со перформансот на актерката Рујиш Беговска – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 1:41 PM

Штипјани уживаа со перформансот на актерката Рујиш Беговска

Мултимедијалниот перформанс МАНИФЕСТ 2 со македонска и светска поезија следена со видео нарација беше прикажан пред штипјани.

На 15 јули на платото пред Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип настапи актерката Рујиш Беговска, додека видео нарацијата и реализација се на Теа Беговска и Енес Беговски кој се појавува и како автор на музиката. Режисер и автор на перформансот е Суад Беговски. Репризните изданија публиката ќе има можност да ги види во месец октомври 2022 година.

Револуција. Актерката (главниот лик) донесува конечна одлука – да го крене својот глас против машкиот свет; да се спротивстави на исконската доминација на мажот; да се соочи со него, како главен и единствен креатор на човековиот живот на оваа планета. Конечно, да му го врати назад “реброто“ од кое е создадена ТАА – првата жена.

Жената не произлегува од ребро. Жената произлегува оттаму од кај што е произлезен и мажот. Произлегуваат истовремено. Револуцијата започнува во театар, на сцена… за почеток.
Крупен залог. Храбар чекор. Романтичарски потез. Прометејски замав.
Овој перформанс е повик за револуција – “Да му се одземе привилегијата на мажот да биде главен фактор на сцена… и во животот. Да му се одземе правото тој да одлучува “да се биде или не“. Проектот е поддржан од Министерство за Култура на РСМ.