Имал 5000 љубовници, а ја заведувал и принцезата Дајана! Зошто на Хуан Карлос му било забрането да дојде на погреб на кралицата? – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/22 8:00 PM

Имал 5000 љубовници, а ја заведувал и принцезата Дајана! Зошто на Хуан Карлос му било забрането да дојде на погреб на кралицата?

Posрамениот поранешен крал на Шпанија, Хуан Карлос, пристигна во Бакингемската палата пред погребот на кралицата, и покрај наредбата со која „го советуваa“ да не присуствува.

Шпанскиот премиер Педро Санчез наводно побарал од поранешниот монарх (84), кој моментално живее во Абу Даби, да не присуствува на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Дека Шпанија на овој настан ќе ја претставува кралот Филип Шести. Сепак, скандалозниот крал Хуан Карлос уште еднаш го направи она што го сака.

Но, што можеше Хуан Карлос да направи толку страшно за да му биде забрането да присуствува на „погребот на векот“, каде кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе ги поздрават лидерите од целиот свет.
Хуан Карлос, сега бившиот крал на Шпанија, живее во егзил во хотел во Абу Даби, а минатата година се шпекулираше дека примил инјекција со женски хормони, кои му ја вбризгувале шпанските тајни служби, бидејќи неговиот сексуален нагон станал закана за државата, пишува royalcentral.co.uk.

Овие тврдења ги изнесе поранешниот началник на полицијата на седницата на собранието, а членовите на Владата не поверуваа на неговите зборови, кои наидоа на громогласна смеа и изјави дека оваа приказна изгледа како сценарио за филм за Џејмс Бонд.
Се вели дека кралот Хуан Карлос имал дури пет илјади љубовници.

Му зедоа се, не можеше да биде со сопругата“, вели бизнисменка која имала афера со него од 2004 до 2009 година за време на неговото владеење.

Поранешната љубовница на Карлос е вмешана во правна битка со него и шпанската ЦНИ поради случајот за перење пари во Швајцарија и нејзиното тврдење дека таа била незаконски ставена под надзор.

Ова не е првпат да се зборува за ненаситното либидо на поранешниот крал.
Приказната излезе на виделина откако шпанскиот писател и воен историчар Амадео Мартинез Инглес напиша книга со наслов „Хуан Карлос: Крал на 5.000 љубовници“, собирајќи докази за неговата сексуална историја.

Тој во книгата на споменатиот историчар е претставен како сексуален зависник, бидејќи, според приказната во книгата, за само 6 месеци имал 62 љубовници, а за време на неговиот „страствен период“, помеѓу 1976 и 1994 година, кралот спиел со 2.154 жени.

Жената која стручно го проучувала шпанското кралско семејство, Пилар Ајр, ја потврди изјавата на Мартинез Инглес дека поранешниот крал се обидел да има сексуални односи со принцезата Дијана кога таа имала 25 години.
Некои од неговите најпознати љубовници се наводно данско-германскиот филантроп Корина Ларсен, шпанската пејачка Сара Монтиел, белгиската гувернанта Лилијан Сартиау, италијанската принцеза Марија Габриела од Савој.

Во јуни 2020 година, шпанскиот Врховен суд отвори истрага за вмешаноста на Хуан Кралос во добивањето на договорот за брза железница во Саудиска Арабија, откако еден швајцарски весник објави дека поранешниот шпански крал добил 100 милиони долари од починатиот саудиски крал Абдула.
Карлос тогаш, наводно, голем дел од тие пари префрлил на поранешен пријател, а истражителите сметаат дека е можно да се работи за обид да се сокријат парите од надлежните органи.

Хуан Карлос (84) е заслужен што ѝ помогна на Шпанија мирно да ја врати демократијата во земјата по смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година.

Сепак, Хуан Карлос, опкружен со скандали во последните години од неговото владеење, абдицира во корист на својот син во 2014 година, со што го загуби имунитетот загарантиран со шпанскиот устав на шефот на државата.

Извор: Курир.рс