Зошто нема ниту една фотографија од кралицата Елизабета кога била бремена? – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/22 11:59 AM

Зошто нема ниту една фотографија од кралицата Елизабета кога била бремена?

Кралицата Елизабета родила четири деца: кралот Чарлс Трети (1948), принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард (1964). Таа никогаш не била фотографирана бремена бидејќи во минатото било табу бремените членови на кралското семејство да бидат видени во јавноста.
Некогаш, кралскиот протокол бил исклучително строг, па на трудниците воопшто им било забрането да кажат дека се бремени.
Во 1948 година, Њујорк Тајмс објави кратка изјава во која пишуваше:

„Принцезата Елизабета нема да учествува на каков било вид јавен настан по крајот на јуни“.

Пет месеци подоцна таа го родила Чарлс. Таа, исто така, никогаш не се сликала со бебињата на скалите на болницата, што оттогаш стана традиција.

Принцот Вилијам беше првиот наследник кој се роди во болница. Следниот ден, принцезата Дијана и кралот Чарлс „позираа“ со него пред болницата Сент Мери во Падингтон.

Извор: Б92.нет

Фото: Принтскрин Јутјуб