Зошто кралот Чарлс на погребот на кралицата остави едно столче празно во првиот ред? – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/22 9:43 AM

Зошто кралот Чарлс на погребот на кралицата остави едно столче празно во првиот ред?

Кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во меморијалната капела Џорџ Шести, симболично почитувајќи ја традицијата што ја започнала неговата мајка.

Зошто едно столче мора секогаш да биде празно?
Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не и го блокира погледот, а новиот крал ќе ја продолжи оваа традиција. Капела на кралот Џорџ Шести беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред.
Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не и го блокира погледот.


Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19.
Кралот Чарлс и оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.

Извор: Индекс.хр

Фото: Принтскрин Јутјуб