На 19.09.2022 во 18.00 часот на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го привеле М.Ј.(39) од Кавадарци. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела, соопшти МВР.
За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово -Скопје каде имал за доиздржување уште една година и пет месеци. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.Објавено на: 09/20/22 9:20 AM