Ковчегот на кралицата се превезуваше со „јагуар“, кој таа лично го одобрила – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/22 7:04 PM

Ковчегот на кралицата се превезуваше со „јагуар“, кој таа лично го одобрила

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е пренесен во замокот Виндзор – како што налага традицијата – со специјално возило од британско производство.
Оваа државна погребна кола е базирана на лимузината Jaguar XJЈод 2010 година и наводно е дизајнирана од кралското домаќинство и Ланд Ровер.

Според Bazaar, кралицата била консултирана за плановите и го одобрила конечниот дизајн на автомобилот пред нејзината смрт.
Возилото беше модифицирано и приспособено од Wilcox Limousines, со седиште во Виган. Погребната кола беше употребена за прв пат на 13 септември кога го носеше ковчегот на кралицата од воздухопловната база РАФ Нортолт до Бакингемската палата.

Големите прозорци им овозможуваат на ожалостените да имаат јасен поглед на ковчегот на кралицата додека патува од Вестминстерската опатија до Виндзор.
Некои од промените на возилото вклучуваат потенки столбови на покривот во споредба со стандардните модели и подигнат покрив.

Државната погребна кола е обоена во Royal Claret, во иста боја како и другите официјални кралски и државни возила.

Извор: Б92

Фото: принтскрин