(Видео) „Ако го мразиш кралското семејство плесни со рацете“ – Илјадници Шкоти ја исмеваа смртта на кралицата Елизабета – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/22 5:18 PM

(Видео) „Ако го мразиш кралското семејство плесни со рацете“ – Илјадници Шкоти ја исмеваа смртта на кралицата Елизабета

Во Шкотска, исто како и кај Ирците, има две струи – оние кои се лојални на британската круна и оние кои се за независност на нивните народи од таа власт.
Кога е фудбалот во прашање, „главни“ во Шкотска се вечните ривали од Глазгов, Ренџерс и Селтик. И додека локалните навивачи на Ренџерс се речиси по правило протестанти и, речиси до последно, верни на круната на Велика Британија, Селтикси се друга приказна.
Самиот клуб „Селтик“ беше основан од ирски католички свештеници, така што во текот на претходните децении Селтик беше повеќе од само фудбалски тим – тој беше погоден терен за собирање на оние кои ја претпочитаат идејата за независност (на двете Ирска и Шкотска) подрага од било која  „друга круна“.
Затоа навивачите на Селтик се погрижија за доста голем скандал, а од нивна гледна точка – многу смешен момент, на мечот со Сент Мирен. Иако тој натпревар не заврши баш најдобро за шкотскиот гигант (изгубија на гостински терен со 2:0), почетокот на играта изненади многумина.
Беше направен план да се оддржи едноминутно молчење во чест на починатата кралица, а потоа следната минута да се посвети на аплаузот кој ќе биде упатен до неа, односно на она што таа го направи за Велика Британија.
Меѓутоа, кога требаше да започне аплаузот, навивачите на Селтик почнаа да изведуваат локална песна која би можела да биде познатата како кај нас српската  “Kad si srećan, lupi tada dlan o dlan”. Тие, додека ги пееја тие стихови, додавајќи ги зборовите „Ако го мразиш кралското семејство, аплаудирај со рацете“, кренаа транспарент со таа порака.
А, среде аплаузите на целиот стадион во чест на британската кралица, навивачите на Селтик сето тоа го „претворија“ во своја „слика на радост“.

Скандалозно, според мислењето на сите кои и се лојални на британската круна, но и на оние за кои исмевањето нечија смрт едноставно не е во ред.
Вака изгледаше тој момент на стадионот: