За американскиот Ден на ќерките, глумицата Гвинет Полтроу на Твитер објави самослик со 14-годишната Епл Мартин, својата помала копија од себе.
Под објавата многу од следачите го коментираа токму тоа – неверојатната сличност меѓу мајката и нејзината ќерка од бракот со британскиот пејач Крис Мартин, инаку фронтмен на „Колдплеј“. Двојката се разведе пред две години.
Покрај Епл, тие го имаат и 12-годишниот Моузес.
Извор:МИА