Ваква ли на погреб?! Интернет ја распна Кејт Мидлтон, несоодветна за тажен момент – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/22 3:07 PM

Ваква ли на погреб?! Интернет ја распна Кејт Мидлтон, несоодветна за тажен момент

Фотографиите на Меган Маркл и Кејт Мидлтон за време на погребот на кралицата Елизабета Втора кружат на социјалните мрежи бидејќи луѓето забележале една значајна разлика меѓу двете.
Како што пишуваат луѓето, Кејт Мидлтон покажала непочитување кон споменот на кралицата Елизабета Втора избирајќи накит, ставила впечатлив ѓердан со дијаманти и бисери, што воопшто не е соодветно за погреб.
„Олицетворение на непочитување и лош вкус“, „Меган разбра од каде доаѓа, Кејт изгледа не“, „Многу несоодветен накит за погреб“, се само дел од коментарите на интернет.


Меган Маркл, за разлика од Кејт Мидлтон, носеше само мали, целосно незабележливи обетки и луѓето тоа го поздравија.
„Исклучени од семејството, а Елизабета ја почитуваат повеќе од другите, очигледно“, „Добро за Меган, се надевам Кејт ќе види колку згрешила“, се некои на коментарите.

На шега се коментира дека можната причина за недостигот на накит на Меган Маркл е фактот што таа не наследила ништо вредно од кралицата, додека војвотката Кејт Мидлтон наследила накит вреден 110 милиони долари.

Сепак, за погребот на кралицата, Кејт како додаток избрала бисерен ѓердан, кој и го подарила самата кралица. Тоа е трислоен бисерен синџир со голем камен во средината. Со оваа акција таа уште еднаш ја покажа својата посветеност на кралицата, но и намерата да ја изврши својата должност согласно традицијата.

Извор: Б92

Фото: Принтскрин Јутјуб