Славјанка Петровска ѝ пратила цвеќе на Сузе Спасовска, се воодушевила од нејзиниот глас – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/22 11:11 AM

Славјанка Петровска ѝ пратила цвеќе на Сузе Спасовска, се воодушевила од нејзиниот глас

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска се воодушевила од концертот на „Танец“, во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски, кој се одржа во петокот, а особено од фолк пејачката Сузана Спасовска и нејзиното пеење.

Бидејќи била многу воодушевена, министерката решила да ѝ се заблагодари на Сузе и да ѝ испрати буќет цвеќе со посвета.

-Ви честитам на прекрасната изведба и се воодушевувам на Вашиот бисерен глас. Вчерашниот концерт беше маестрален, напишала Петровска во пораката.

Ова внимание од министеката ја изненади и израдува пејачката.

-Утрово, дојдов на работа и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време. Цвеќе со посвета, рачно испишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам Славјанка. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек, возврати Сузе.