Викендот во Бејрут, Либан, се одржа деветтото издание на интернационалниот избор за женска убавина Miss tourism universe 2022.
Нашата држава ја претставуваше Ева Јовановска (19) од Тетово, која успеа да освои дури две титули : Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години и титулата шеста придружничкa (6th runner up) вкупно, значи во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет.
Вкупна победничка е Мис Венецуела, титулата прва придружничка ја освои претставничката на Киргистан, а втора придружничка е Мис Италија. Нашата Ева е членка на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценца за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина.
Во моментов во нашите медиуми е актуелна и како водителка на естрадниот магазин “Бекстејџ “. Еден од членовите на жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе понесат титули беше и Мики Црнокрак, кој ни рече:
“Многу добар избор, во организација на Style Events Organisation, на чело со мојот добар пријател Ели Нахас ( Elie Nahas), кои од 2014 година го организираат овој избор во Бејрут. Девојките поминаа прекрасни 15 дена во Бејрут, исполнети со многу прошетки, посети на фантастични места во Бејрут и целиот Либан, забави, но секако и подготовки за финалето кое се одржа во театарската сала на Casino du Liban во Бејрут, на кое нашата Ева освен како мисица се претстави и со извонредна балетска точка преку која го покажа својот талент за играње, а големиот аплауз од преполната сала покажа дека нејзиниот настап беше навистина одличен. Впрочем, нејзиното комплетно претставување беше на највисоко ниво, навистина во најдобро светло се презентираше себе, модното студио Црнокрак и Македонија, што на крај и го покажаа двете освоени титули”