(Видео) Кој е мажот кој ја познаваше кралицата Елизабета подобро од нејиниот сопруг? Се разделија по 44 години служба – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/22 9:13 AM

(Видео) Кој е мажот кој ја познаваше кралицата Елизабета подобро од нејиниот сопруг? Се разделија по 44 години служба

Пол Вајбру беше еден од тројцата членови на персоналот на кралскиот двор кој доби покана да учествува во испраќањето на кралицата Елизабета Втора.

Овој човек беше нејзин пријател и чувар на тајни.

Поради неговата висина од речиси два метри, Пол го нарекуваат и Висок Пол, а тој бил еден од само тројцата членови на дворскиот персонал на кои им била дадена честа да учествуваат во придружбата на кралицата.
Британските медиуми пишуваат се најдобро за него, тој наводно почнал да и служи на кралицата на 19 години, а е еден од ретките кои одлично се сложуваат со сите во дворецот.

Минатата година, кралицата го одликуваше и како нејзин најдолг службеник по 44 години служба. Пол наводно имал друг прекар, чувар на тајните на кралицата, пишува Дејли Меил.

„Тој знаеше дека може да добие каква било работа во приватниот сектор и да заработи повеќе отколку што заработува, но никогаш не му паѓаше на памет. Чувствуваше дека неговото место е кај кралицата, што беше нејзина желба. Таа целосно му веруваше. Тој знае многу од нејзините тајни, но никогаш нема да ги открие“, изјави близок извор за Дејли Мејл.

За време на неговиот долг мандат, Пол никогаш не размислувал да замине, освен кога кралицата наполнила 80 години. Потоа го замолила својот асистент да биде со неа цело време и да се пресели поблиску до замокот Виндзор. Дејли Мејл пишува дека тој тогаш ја довел во прашање својата кариера, но сепак останал со кралицата и не се откажал од работата.

Тој сподели сè со кралицата. Тол десна рака на кралицата, а блиски извори велат дека го носел нејзиниот телефон кога некој и се јавил, и го вклучувал телевизорот и наводно и ги служел омилените пијалоци.

Со кралицата дури учествуваше и во позната реклама со Џејмс Бонд, поточно Даниел Крег во кампањата за Олимписките игри што се одржаа во Лондон во 2012 година.