Гвинет Ли (50) е „професионална љубовница“ која живее меѓу Лондон и Калифорнија.
Таа ги изненади сите со изборот на таков начин на живот, но сега за “The Sun” објасни кои се мажите кои влегуваат во врска со неа и како изгледа нејзиното секојдневие.
– На сцената има толку многу оженети мажи кои се потенцијални за афера. Филмски продуценти, претприемачи, тие се само дел од мажите со кои се гледам во моментов, и сите имаат свои жени, а сакаат друга – истакнува Гвинет, која особено нагласува дека спасила многу бракови.
Оваа необична жена истакнува дека главниот проблем во браковите е всушност досадата.
– Им се гади од лицата, од телата, од разговорот со нив. Тоа е како пандемија… Кој сака да помине толку време со една личност? Сум била со повеќе од 100 оженети мажи и сите до еден ми кажаа дека се со мене затоа што нивните сопруги им здодеале, рекла таа.
Гвинет исто така нагласи дека една жена и кажала како останала со нејзиниот сопруг, по аферата со оженет маж, бидејќи заедно биле добар родителски тим и затоа што бракот имал смисла финансиски. Сепак, интелектуално и сексуално тие во никој случај не биле соодветни еден на друг.
View this post on Instagram
– Значи, таа најде љубовник кој е извонреден во спалната соба, а јас целосно ја разбирам – вели љубовницата.
Таа открива и дека есента е периодот во кој се случува најмногу прељуба, бидејќи враќањето на децата на училиште и на факултет им носи повеќе слободно време на родителите.
– Луѓето можат да лажат и да кажат дека се на состаноци. Всушност, наскоро склопувам состанок со мојот љубовник, а тој го користи токму тој изговор. Неговата сопруга не знае и не ми е гајле. Зошто да се чувствувам виновна? Товарот е на него, не на мене – објаснува Гвинет.
Таа тврди дека оженетите мажи се подобри партнери во врската.
– Забележуваат кога си ја скратила косата, средила ноктите или си купила убав фустан на Долче и Габана. Уживам во вниманието и комплиментите, но не сакам да останам со нив засекогаш. Затоа имав астрономски број на љубовници. Ако сакав да излегувам со просечен човек, само ќе одев на Тиндер, искрено кажала таа.
Иако некогаш била мажена, таа верува дека мали се шансите повторно да стапне на лудиот камен. И според нејзиниот избор, идеален љубовник е богат човек со широки сваќања.
Извор: Курир.рс