По два инциденти со пенкала во ситуации кога потпишувал важни документи во последните денови, кралот Чарлс добил хемиско пенкало како подарок од една Велшанка.
Писутните се изнасмеале, вклучувајќи го и новиот монарх.
За време на неговата прва официјална посета на Велс, новиот британски монарх доби хемиско пенкало. Чарлс Трети првично бил збунет од гестот, но жената која му го подала пенкалото брзо одговорила и објаснила: „За секој случај“.
someone’s given Charles a pen 😂 #KingCharles pic.twitter.com/dPd9YoBfjL
— Royal Supporter ♔ (@FanCambridges) September 16, 2022
За среќа, новиот крал сето тоа го сфати како добра шега и почна да се смее заедно нив.
Овој гест нема да го разберат оние кои не знаат за двете ситуации со пенкалото во кои се најде Чарлс Трети во текот на изминатата недела.
Првиот инцидент се случи минатата сабота, на 10 септември, кога, откако беше официјално прогласен за нов суверен на нацијата, кралот Чарлс ги потпиша официјалните документи.
Сепак, овој историски момент беше нарушен со сад со пенкало и мастило што го спречи да се потпише. Кралот направи гримаса додека асистентот го тргаше садот, а снимката и фотографиите од реакцијата на Чарлс веднаш го обиколиле светот.
Неколку дена подоцна, во среда, на 14 септември, уште едно пенкало го нанело гневот на кралот. Во кралската резиденција на замокот Хилсборо во Северна Ирска, од неговото пенкало почнало да капе мастило додека се обидувал да потпише книга.
Извор: rts.rs
Фото: принтскрин Јутјуб