Не е успех да се фалите со 20 отсто поголемо производство на електрична енергија во однос на лани, вели Димитриеска-Кочоска – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/22 2:29 PM

Не е успех да се фалите со 20 отсто поголемо производство на електрична енергија во однос на лани, вели Димитриеска-Кочоска

Не е успех да се пофалите дека ќе остварите 20 отсто поголемо производство на електрична енергија во однос на минатата година со оглед на тоа што имаме рекордно најниско производство на електрична енергија во државата, вели поранешната директорка во ЕЛЕМ Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во емисијата „Стадион“, откако генералниот директор на ЕСМ истакна ваков податок.

Таа обвини и дека државата досега немала интерес за ископ на јаглен и не го подигнала производството.

– Погледнав податоци, кога сме заминале сме имале откриено јаглен. Што се случило во следната 2018? Веќе во првата година откривката на јаглен се намалува за 15 отсто, вели Димитриеска-Кочоска и прашува дали има пресметка колкави се трошоците на ископ во однос на произведената електрична енергија во РЕК.