Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника, денеска си оди дома.
Тимот на доктори-специјалисти од клиника Жан Митрев заедно со сестрите и физиотерапевтите по две недели интензивно лекување и третмани, постигнаа значајни резултати во подобрување на клиничката слика на младиот Вили.
-Тој беше донесен по 40 дневна кома, во животозагрозена состојба, резултат на преживеаната тешка сообраќајна несреќа. Се разбуди по само неколку дена и почна да закрепнува. Како клиника која што максимално посветено работи за спасување на човечки животи, искрено се радуваме и особено сме горди што денеска младиот Вили си заминува за Штип, со препорака за понатамошно лекување и рехабилитација во соодветна медицинска установа сепецијализирана за ортопедски повреди, а со цел негово комплетно заздравување и нормален живот кој претстои пред него, информираат од Клиниката и додаваат:
-„Жан Митрев“ Клиника го презеде целосниот третман, лекување и престојот на 14 годишниот штипјанец во клиниката, по апелите за помош и неможноста на семејството да го плати лекувањето на нивниот син. 14 годишниот Вили беше донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата и ногата здобиени по страшната сообраќајна несреќа. Денеска Вили си заминува дома каде ќе продолжи да се радува на животот, заедно со најблиските, информираат од таму.