Роднина на кралицата Лејди Габриел Виндзор се онесвестила на мисата покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора.
Тагата за кралицата Елизабета Втора трае веќе неколку дена, а вчерашната ситуација во Вестминстерската сала покажува дека членовите на нејзиното семејство, но и сите кралски службеници се многу исцрпени од целата ситуација.
Таму е изложен ковчегот на кралицата, а на масовната богослужба и бдение присуствуваше и нејзиното пошироко и потесно семејство.
Меѓутоа, роднината на кралицата, Лејди Габриел Виндзор, не можела повеќе да стои кога ковчегот бил внесен во палатата и се онесвестила. Веднаш на помош и дошле сопругот и насобраното семејство, а кога си дошла при себе, остатокот од мисата го поминала седејќи на клупа.
Целата ситуација му нанела штета и на кралската гарда, па еден офицер исто така се онесвестил покрај нејзиниот ковчег додека го чувале, а локалните чувари веднаш му пришле на помош и му помогнале да стане.
Британски Мирор ги сподели непријатните ситуации.
Наскоро се ближи погребот на кралицата, кој ќе се одржи во понеделник.
Нејзините најблиски членови на семејството, поточно внуците Вилијам и Хари, со сопругите со денови ги посетуваат насобраните граѓани кои сакаат да им дадат поддршка пред Виндзор и Бакингемската палата.
Новиот крал Чарлс Трети исто така ги обиколи насобраните граѓани и започна патување низ Кралството за да се сретне со главните водачи, а со своите браќа и сестра исто така бдееше покрај ковчегот на кралицата во Единбург.