По напорната недела, кралот Чарлс имал само еден ден да се одмори без кралски должности и обврски.
Тоа беше вчера, четврток, седмиот ден од смртта на кралицата. Протоколот, кој бил напишан многу одамна, додека кралицата била сè уште жива, наложувал тој ден новиот крал да ги „собере мислите“ и да размисли за нови чекори.
Чарлс потоа се качи во хеликоптер и отиде на својот имот во Хајгроув. Неговата сопруга, кралицата Камила, отишла на својот имот во селската вила Реј Мил – место кое таа го нарекува „дом“.
Дури тогаш јавноста дозна дека парот живее во две посебни резиденции.
Камила (75) го купи имотот во 1996 година за 850.000 фунти, користејќи ги приходите од нејзиниот развод од поранешниот сопруг Ендрју Паркер Боулс. Оттогаш до сега живее во таа куќа.
Се смета дека Камила ќе продолжи да престојува во Рај Мил, кој не е официјален дел од кралскиот имот, како што тоа го прави со години.
Куќата Реј Мил има 6 спални соби, удобна кујна и дневна соба, како и пространа градина. Луѓето кои ја познаваат Камила велат дека единственото место каде што може да се опушти е во таа куќа, далеку од слугите, медиумите и кралските асистенти.
Камила живеела во таа куќа помеѓу 1996 и 2003 година и ја чувала како селска база по потреба.
Откако се омажи за Чарлс во 2005 година, Камила разумно инсистираше да одржува посебен дом. Таа одлука ја сочувала нејзината приземност, но и нејзиниот успешен брак.
“Таа не мора да се грижи за тоа како изгледа куќата. Чарлс е ужасно педантен, додека Камила ги остава работите насекаде. Тој сака сè да биде на своето место, а на неа не и е грижа. Во таа куќа, таа може да прави појадок во нејзината тоалета и да поминува време со нејзините внуци без церемонијата и товарите на кралските резиденции“, изјави извор за Дејли Мејл.
Извор: Курир.рс