СЗО повеќе не препорачува две терапии против коронавирусот, а од нив се заработија милијарди – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/22 12:43 PM

СЗО повеќе не препорачува две терапии против коронавирусот, а од нив се заработија милијарди

Светската здравствена организација (СЗО) повеќе не препорачува две терапии за антитела на Ковид-19 бидејќи се застарени за сојот Омикрон и најновите соеви на вирусот .

Сотровимаб и казиривимаб – имдевимаб беа меѓу првите лекови против коронавирусот на почетокот од пандемијата. Оттогаш вирусот еволуираше, па сè повеќе лабораториски истражувања покажаа дека тие имаат ограничено делување на новите соеви.

Сотровимаб, лек од ГСК и партнерската компанија Вир Биотехнологија, во април беше повлечен од американскиот пазар, откако донесе милијарди долари профит за време на пандемијата.

Казиривимаб – имдевимаб на Регенерон и Рош исто така донесе заработка од милијарди.

Американската агенција за лекови го ревидира своето мислење за лекот во јануари и го ограничи на помала група пациенти поради слабото дејство врз сојот омикрон.

Европскиот регулатор и понатаму ги препорачува двете терапии.

МИА