„Се тресев од страв кога видов дека ја губам косата“ – Потресна исповед на сопругата на Вил Смит за болеста – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/22 7:00 PM

„Се тресев од страв кога видов дека ја губам косата“ – Потресна исповед на сопругата на Вил Смит за болеста

Џејда Пинкет Смит, сопруга на актерот Вил Смит, со години се бори со алопеција, а празникот на ќелавата убавина го одбележа со своето селфи на Инстаграм.

„Среќен ден на ќелавата убавина на моите браќа и сестри! Ве сакам“, напиша Џејда Пинкет Смит (50) покрај нејзината фотографија.


Иако, наводно, на почетокот не била свесна за нејзината алопеција, Џејда првпат се отворила за нејзината борба со опаѓање на косата во 2018 година, откривајќи ја својата дијагноза на автоимуно нарушување во емисијата на Фacebook Watch наречена “Red Table Talk”, пишува Page Six.
-Имав проблеми со опаѓање на косата – изјави тогаш таа.

– Беше страшно кога првпат почна. Бев под туш  еден ден и имав грст коса во рацете и само си помислив: „О Боже мој, дали ќе ќелавам“, сподели таа.

– Тоа беше еден од оние моменти во мојот живот кога буквално се тресев од страв – признала сопругата на Вила Смит.

Откако „експериментираше“ со стероидни инјекции за да се обиде да и ја врати косата, Смит ја прифати ќелавоста така што целосно ја отсече косата во 2021 година, инспирирана од ќерката Вилоу Смит, која исто така си ја избричи главата.
Иако навидум е помирена со нејзината состојба, Џејд е вознемирена од односот на Вил Смит и Крис Рок и се надева дека Вил и Крис ќе „најдат мир“. Во една епизода од “Red Table Talk“ по озлогласената шлаканица на Оскарите, таа рече дека навистина сака „овие двајца интелигентни, способни мажи да имаат шанса да разговараат и да се поправат“.

Додека ѕвездата од „Принцот од Бел-Ер“ се извини за ударот, Академијата за филмски уметности и науки му забрани на сите настани на Академијата на 10 години, а се чини дека Крис Рок не му прости.

(Курир.рс)