– На 15.09.2022 околу 16.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници затекнале малолетник од Битола при обид да одземе пари од каса на продажен објект, соопшти МВР.
Парите му се одземени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.
За настанот е известен јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.