-Со цел точно, транспарентно и целосно информирање на јавноста го демантирам советникот Луке Галески на Седница на Совет на Град Скопје одржана денес. Категорично и целосно ја отфрлам содржината на изјавата како невистинита и тендециозна. Тврдам дека немам никаква поврзаност со турската компанија за која што се тврди дека е учесник на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје. Јас, како претприемач и стопанственик долги години работам во секторот туризам и угостителство и ниту со актуелното градско раководтсво имам некаква комуникација иако како претседател на ТУК би требал да имам интензивна соработка со Град Скопје за афирмација и заеднички проекти во сферата на туризмот и промоција на Скопје како дестинација за посета на странски туристи. Јас со Арсовска од септември 2019 ниту сум се слушнал, ниту, пак, сум се видел поради несогалсување око принципите за работа на Стопанска Комора и од тогаш ни се рзделија патиштата, вели Керим.
Објавено на: 09/15/22 11:19 PM