Факти за бројноста и лекувањето со хемофилтрација во Клиничка болница „Жан Митрев“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/22 12:47 PM

Факти за бројноста и лекувањето со хемофилтрација во Клиничка болница „Жан Митрев“

Клиниката „Жан Митрев“ објави податоци, бројки и проценти за фактите од хемофилтрацијаи, кои се доставени до Институт за јавно здравје и сите надлежни тела..

Во соопштението до медиумит од Клиниката велат дека ова се податоци од јуни 2020 година, до февруари 2022 година.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

-Фактите за хемофилтрација коишто започнавме да ги објавуваме продолжуваат со објавување на бројките за пациенти со Ковид-19 кои се третирани во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев со оваа метода. Сите овие податоци, бројки и проценти се стручно обработени од тимот на Клиниката Жан Митрев и се доставени до Институт за јавно здравје и сите надлежни тела.

Во периодот од јуни 2020 до февруари 2022 во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев се лекувани вкупно 1738 пациенти од КОВИД 19. Од овие, 625 пациенти или 35,9% беа третирани со ЦРРТ-хемофилтрација со Огзирис филтер. Методот е искористен само кај оние пациенти чија клиничка слика се вклопуваше во индикационото подрачје за употреба на Огзирис филтерот за третман на пациенти со КОВИД-19, дадено во препораките од самиот производител Бакстер и одобрено од страна на ФДА (Федерална агенција за храна и лекови на САД).

Од овие пациенти, 599 или 95,8% беа во тешка и критична состојба, 140 (22,4%) во критична состојба и 459 (77,6%) во тешка состојба согласно параметрите за дефинирање на тежина на клиничка слика пропишани од Светска здравствена организација.

Од вкупно третираните пациенти за Ковид-19, 400 пациенти или 64% имале сатурација под 80%, 139 пациенти (22,2%) биле со сатурација под 70% на прием, а најниска измерена сатурација при прием е 37.

Рентген наод во стадиум 3 имале 315 (50,4%) од примените пациенти, што покажува тешка форма на АРДС, додека 264 (42,2%) беа во стадиум 2 (веќе развиен АРДС), 40 (6,4%) со РТГ наод за пневмонија- стадиум 1.

Дури 544 пациенти или 87,04% биле со високи вредности на ЦРП над 50, а 408 од нив имале ЦРП и над 100, 408 пациенти (65,3%) биле со високи Д-димери, од кои 87 (13,9%) биле со енормно високи над 10 000,  а 441 (70,6%) биле со високи вредности на феритинот.

После направената хемофилтрација (ЦРРТ) кај 353 пациенти (56,5%) е намалена вредноста на ИЛ6 (интерлеукин 6), а кај 142 (22,7%) се нормализирани вредностите на ИЛ6, што укажува на подобрување на состојбата кај пациентите.

Пред да се вклучат на хемофилтрација (ЦРРТ) кај пациентите е констатирано влошување на клиничката слика што се гледа од фактот дека при вклучување на ЦРРТ 428 (74.9%) од пациентите биле со РТГ снимка во стадиум 3 т.е. тешка форма на АРДС, 264 (42.2%) со РТГ наод во стадиум 2 – развиен АРДС и само 7 биле во стадиум 1 со развиена пнеумонија. Притоа, последните имале високи инфламаторни маркери (ЦРП и ИЛ6), 483 (77,3%) биле со високи ИЛ6, а 191 (14,6%) биле со цитокинска бура при прием и 123 (19,7%), ја развиле во тек на хоспитализацијата.

Од лекуваните пациенти потреба од третман со неинвазивна вентилација имало кај 502 (80,3%), а 338 (54.08%) биле интубирани и поставени на механичка вентилација. 

Од пациентите кои се третирале од Ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Напоменуваме дека, во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев не се вршени никакви експерименти со примена на хемофилтрацијата. Напротив, станува збор за стара метода и медицинско средство чија примена за лекување кај пациенти со Ковид – 19 се практикуваше во САД, Канада, Германија, Швајцарија, Шпанија, Италија, Хрватска и други земји, а први ја употребиле лекарите во Кина при првиот бран на пандемијата во Вухан.